Македонскиот манекен Мартин Митковски, член на модната агенција „Моделс ин“, повторно ќе биде дел од Serbia Fashion Week, модна манифестација со формат на модна недела што од 6 април ќе се одржува во Нови Сад, Србија. Манекенот учествува со колекцијата Pop Art Heroes на дизајнерот и стилист Срѓан Швељо. Како главна инспирација за создавањето на стајлингот и музиката, воедно и како главно обележје на овој настан ќе биде водечката фигура на поп арт културата – Енди Ворхол. „Нашиот Мартин покрај учеството на тамошните ревии неодамна изработи фотографии со стилистот Швељо наменети за интернационален web portal кои служат за промовирање на машки модели од Балканот. Во меѓувреме интензивно се работи на неговото портфолио, како би се остварила соработка со интернационална модна агенција која би го застапувала во светски рамки. Со секое ново учество на интернационалната модна сцена Мартин докажува дека има големи предиспозиции за сериозна кариера во светот на моделингот“, вели Алек Наумовски од неговата матична агенција „Моделс ИН“.
Срѓан Швељо на 6 април во просторот на „Фабрика“ во Нови Сад ќе го претстави проектот Pop Art Heroes, групна ревија инспирирана од уметноста на Енди Ворхол со 20 млади дизајнери од целиот Балкан, селектирани од стилистот Швељо.
Нема коментари