Брендот на славниот креатор Марк Џејкобс со новото двеминутно видео ја открива тајната како се создава новата торба Incognito. Чантата, која модната куќа ја лансира како носечка за следната сезона, е со едноставен, класичен изглед и има безвеменски тон. Со помош на дигиталната технологија се поткрива како моделот настанува во атлејето, од скица до финален производ. Таа рачно се шие во Италија, а акцент е ставен на квалитетот на материјалот.
-Со торбата Incognito почнуваме нова ера, каде што се бара мајсторство во изработката, пред било кои други каректеристики-велат од модната куќа.
Нема коментари