Славниот дизајнер Марк Џејкобс jа збогати својата линија на шминки со нови сенки за очи наменети за ова лето. Станува збор за впечатливи нијанси, кои се комбинација од студени и топли тонови. Понудено е лимитирано издание на палетата Style Eye-Con, што содржи широка понуда на сенки од бледо крем до нијанса на темна морска пена. Џејкобс промовира и нови тонови на креонот Highliner Gel Eye во земјесто-бронзена и златна нијанса. Колекцијата е збогатена и со лак за нокти во зелена и кафена боја.
Нема коментари