Француската актерка Марион Котијар ја краси насловната страница на магазинот Porter за зима 2015, на која е облечена во бел фустан од „Диор“. Позира пред објективот на Рајан Мекгинли и е фотографирана во романтично расположение сред поле со лаванда. Оскаровската во моментов го прмомовира новиот филм „Магбет“ со Мајкл Фасбедер и во интерјуто во Porter раскажува за нападите на паника што ги имала за време на снимањето на филмот. Марион исто така вели дека не се интересирала за модата сè додека не почнала да соработува со „Диор“ како заштитно лице и дека работата со модната куќа ѝ ја сменила нејзината перцепција на модната индустрија. „Дотогаш не ја гледав модата како форма на уметност.“
Но, една друга изјава за магазинот предизвика бура по медиумите и социјалните мрежи. Марион изненади со изјавата дека не се чувствува како феминистка и дека феминизмот на филм „создава сепарација“. Таа смета дека актерскиот свет не треба да се гледа низ призмата на родовата рамноправност. „Во правењето филмови не се работи за полот. Вие не може да барате од претседателот на Канскиот фестивал, на пример, да има пет филмови во режија на жени и пет на мажи. За мене тоа не создава еднаквост, туку поделба. Мислам, јас не се квалификувам како феминистка. Ние треба да се бориме за правата на жените, но не сакам да ги одделам жените од мажите. Ние сме веќе разделени бидејќи не сме исто направени и тоа е разликата која создава енергија во креирањето и во љубовта. Понекогаш во зборот феминизам има премногу сепарација“, вели Марион, во време кога силни жени како колешката Ема Вотсон храбро истапуваат за правата на жение. Се чини дека Котијар не ја разбира дефиницијата за феминизам, како застапување на правата на жените, врз основа на рамноправноста на половите, па според нејизното сфаќање барањето еднаквост со мажите, всушност не одделува од нив!? За жал актерката им се приклучува на групата жени кои не го разбираат феминизмот.
Нема коментари