Француската актерка Марион Котијар позира за насловната страницa на Interview Magazine во ретро-шик стил. Во мартовскиот број на магазинот таа го оживува стариот гламур на Холивуд. Едиторијалот го сними фотографот Крег Мекдин. Оскаровката, која е позната како едно од заштитните лица на „Диор“, во сесијата носи елегантни и луксузни креации од пролетните колекции на „Сен Лоран“, „Живанши“ и Соња Рикел, стилизирани од модниот уредник Карл Темплер.
Нема коментари