Француската актерка Марион Котијар ќе се проба како дизајнер на накит. Таа ќе креира колекција за брендот Chopard, користејќи боени дијамантски камења. Ова ќе биде првата т.н. „зелена“ колекција на „Шопард“.
Врската меѓу Котијар и етичките мода започна пред две години, кога ја поддржа „зелената“ акција на Ливија Фирт, Green Carpet Challenge, на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Овој настан ќе биде местото каде што следниот месец ќе ја промовира својата линија за „Шопард“ која ќе содржи нараквица и ѓердан. Парчињата содржат опал добиени од семсјтвото што поседува рудник во Австралија.
Нема коментари