Познатите трендсетерките и ѕвездите на уличната мода одамна ги открија, засакаа и ги носат креациите на француската дизајнерка Mарин Сер, препознатливи по принтот на полумесечини, но побарувачката за овие модели порасна рапидно откако две ѕвезди беа забележани во нејзини модели. Бијонсе во новиот спот Black is King и визуелниот албум ги носи полумесечинките на Сер, нешто Адел објави фотогафија на Инстаграм на која што носи модел на Сер и во исто време се фасцинира од видеото на Бијонсе.
Благодарение на Бијонсе, но и на Адел, пребарувањето на Интернет на полумесечинките на Сер пораснала за 428% во рок од 48 часа, како што наведува платформата Lyst. Според некои информации откако сите ја виделе Бијонсе во комбинезон на Сер, за многу кратко паднал сајтот на дизајнерката.
Марине Сер, победничка на модната награда на LVMH за 2017 година, стана препознатлива по футуристички креации и модата која ја отлсикува реалноста. Во нејзините модели преовладува принтот, најпознати се полумесечините, а во новата колекција игра со шарата на зебра.
View this post on Instagram
Thank you Queen for always making us all feel so loved through your art ♥️♥️ A post shared by Adele (@adele) on
Нема коментари