Креативната директоека на модната куќа „Диор“, Марија Грација Кјури, во новата колекција за пролет-лето 2018 инспирација пронајде во работата на историчарката Линда Нохлин, и ревијата ја отвори со креација на која е испишано Why Have There Been No Great Women Artists? (Зошто немаше големи жени уметници?). Ова е насловот на еден есеј на Нохлин од 1971 година во кој таа се осврна на тоа зошто жените многу повеќе не се величаат во уметничкиот свет. Кјури се потсети и на Ники де Сен Фал, уметница која му била муза на Марк Боан во времето кога тој бил креатор на „Диор“.
„До седумдесетите години, имињата на извонредните жени беа навистина занемарени во официјалната историја, но современата уметност е отворена за сите“, смета дизајнерката Кјури претставувајќи колекција за независни, моќни и креативни личности. Нејзината визија е еклектичен поглед на женствениот стил – од пачворк со тексас ткаенина до везени џемпери, преку кожени комбинезони и кошули со строг крој, до транспарентни здолништа и добро скроени сакоа, женската гардероба на „Диор“ не познава граници. За вечерните ноќи, Кјури го појача светкавиот ефект со фустани со украсени корсети и креации со проѕирно плисе.
Нема коментари