Со 3.241 глас и многу позитивни коментари за поддршка, студентката по правни науки и страствен обожавател на модерна и стилска гардероба, Марија Атанасова од Кочани го освои првото место во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист”, иницијатива на „Скопје сити мол“ во насока на охрабрување на потрошувачите да си играат со модата и да уживаат во модните содржини во овој трговски центар.
-Овој моден предизвик за нас беше одлична забава и убава можност да бидеме блиску до нашите потрошувачи и да ги видиме нивните размислувања во однос на она што за нив е примамливо и атрактивно. Навивавме и ние, се обложувавме и будно ги следевме бројачите на гласови што беа поставени до куклите. Секој глас за нас беше радост и голема возбуда, исто како на наддавање на берза. И честитам на Марија Атанасова и верувам дека уникатноста на нејзината комбинација го направи своето. Се надевам дека со неа и во иднина ќе соработуваме и ќе се дружиме – изјави Дарко Панчевски, претставник од „Скопје сити мол“.
Марија Атанасова беше една од тројцата финалисти што успеаа да се издвојат од над 700 учесници во ова ново модно искуство надополнувајќи го стајлингот предложен од модните новинарки и уреднички на Stylist.mk – Катерина Трајановска и Ана Несторовска, како и дизајнерот Драган Христов.
-Пресреќна сум што потрошувачите и фановите на „Скопје сити мол“ ја препознаа мојата комбинација како стилски комплетна и како моден аранжман за кој вреди да гласаат. Ова беше одлична прилика да се запознаам со тимот на Скопје сити мол, со другите учесници и да направам исчекор вон мојата конфорна зона, односно правните науки, што се мој моментален фокус – изјави 19- годишната Марија Атанасова.
Марија со својата комбинација од впечатливи модни примероциод LC Waikiki, My Time, Buzz, LTB и од Arthur`s, ја потенцираше моќта на базичната облека, во комбинација со впечатливи парчиња што зборуваат за личниот стил, за модната смелост и за изградениот визуелен израз. Таа од денес ќе ужива во наградите што и ги врачија претставници од „Скопје сити мол“.
Нема коментари