Со мултимедијалниот настан Argatlook, дизајнерката Нела Тодоровска ќе ја промовира новата колекција под својот бренд Mariguccha, в четврток (9 јуни) во 20 часот на „Плаја виста“ во рамки на фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2016“. Аrgatlook е мултимедиален евент со визуелно и статично претставување. Називот доаѓа од Argat\Аргат како работник и look\изглед. Колекцијата е инспирирана од традиционалните носии низ Македонија во спој со новите технологии. Колекцијата ќе може да се погледне на локацијата на фестивалот до недела 11. јуни.
Тодоровска често ги промовира своите колекции со уникатни перформанси со ко прави спој меѓу модата и уметноста, креира костими за театар и за филм, а последната колекција за есен-зима 2016 ја претстави во Белград. Називот на нејзиниот бренд Mariguccha доаѓа од името на нејзината баба, Влаинка, кое значи Марија, Дева Марија. Има завршено факултет и мастер студии за моден креатор и костимограф во Букурешт на државната академија за уметност, а воедно две години била асистент на истиот факултет. Има работено во Романија на опера и неколку продукции за публицитет и филм. Изработила костими за повеќе опери и театар, краткометражни и долгометражни филмови и реклами.
Нема коментари