Руската тенисерка Мариа Шарапова е заштитно лице на новиот парфем Avon Luck. Новиот произвиод на AVON ја прославува добрата среќа во животот, неверојатните случувања и бесконечните можности. Како реномирана спортистка, успешна бизнис жена и хуманитарка, Шарапова совршено го доловува духот на среќата, заробен во само едно шишенце парфем.
-Возбудена сум што го претставувам токму Avon Luck, парфем кој нè потсетува дека треба да го вкусиме и вистински да уживаме во триумфот. Секогаш велам дека што понапорно работиме, тоа сме и посреќни, бидејќи на тој начин и се стремиме кон поголеми цели. Одушевена сум што имам можност да соработувам со компанија како Avon, која ги поттикнува жените ширум светот да ги остварат своите соништа- вели Шарапова.
Директорката на Маркетинг во AVON, Партиша Перес-Ајала, вели дека кога го креирале Avon Luck, „сакале преку мирисот да ја заробат опојната харизма на некој којшто самиот си го креира патот на среќата во животот“
-Како една од топ рангираните тенисерки во светски рамки и жена со софистицирана природна убавина, Мариа Шарапова совршено ја карактеризира таа животна енергија и безграничните можности. Таа е идеалното лице за мирис кој зрачи со среќа и доловува чувство како да си на врвот на светот- вели Перес-Ајала.
Мирисот е од ориентална овошно-цветна категорија и содржи интензивна женствена и провокативна композиција од блескав бергамот и живи, свежи и елегантни ноти од цитрон обвиени со ретката луксузна кремста ванилина арома од реткиот цвет „Кралица на ноќта“. Основата пак е од длабоко заводливи кадифени ноти од сандалово дрво кои доловуваат исклучително енергично и возбудливо чувство.
Парфемот Avon Luck за Неа е на продажба во брошурите на AVON од крајот на септември, а достапна е и машка верзија – Avon Luck за Него од шумско ароматична килибар категорија.
Нема коментари