Боемска принцеза која од детството носи иста облека, Марго Тененбаум, фиктивен лик од култниот, супер стилизиран филм на Вес Андерсон, The Royal Tenenbaums, сезонава неочекувано се појави како модна инспирација во колекциите на „Клое“, „Барбери“ и „Гучи“. Марго, која на филмот ја глуми Гвинет Палтроу, има специфичен изглед – очи дефинирани со црн креон и залижана боб фризура со шнола на страна, потоа поло фустан на пруги, бродарици и кафена бунда. Имиџот на Марго можеше да се забележи и во последните ревии на „Лакост“ и Емилија Викстед, а стана и симбол за костимирање на нова „миленијал“ генерација.
Нема коментари