Дизајнерот конечно проговори за именување на Никола Геские за креативен директор на „Луј Витон“, откако тој во октомври, по цели 16 години, ја напушти оваа позиција во славната париска модна куќа. Никола беше фаворит да го замени Марк, па се чини дека американскиот дизајнер воопшто не се изненади што токму Геские е неговиот наследник.
-Тој е брилијантен дизајнер и ќе направи нешто сосема поинакво. Секогаш сум му се восхитувал на Никола и љубопитен сум да видам што ќе направи, бидејќи имаме толку многу различна естетика – изјави Џејкобс.
Понатаму Марк додава дека некои работи во „Луј Витон“ треба да се сменат. Навистина му е мило што таа промена му е препуштена на Геские, некој што тој самиот многу го почитува и му се восхитува.
Никола претходно успеа да ја ревитализра модната куќа што го носи името на шпанскиот дизајнер Кристобал Баленсијага, а пред еден месец направи моден трансфер во „Луј Витон“. Во меѓувреме, Марк Џејкобс ќе се фокусира на сопствената етикета.
-Научив многу работи во „Луј Витон“, но време е да се посветам на мојот бренд – вели Марк.
Значи, Никола има зелено светло од Марк, останува да видиме каква промена и возбуда ќе донесе со првата колекција за „Луј Витон“.
Нема коментари