Вечна класика и основа во гардеробата
Модна класика која е повеќе од моден тренд за одредена сезона, мантилот е модно парче на кое постојано му се навраќаме и кое е одличен избор за променливите пролетни денови. Месецов е најрелевантното модно парче кое одговара во врнежливите, но и за првите вистински пролетни денови.
Во мода секогаш ќе бидат класичните кроеви на мантили, налик на оригиналниот Burberry модел со кој почна овој моден стил. Класичните мантили се лесни за комбинирање, тие се сестрана и прилагодлива облека која изгледа добро во секакви модни споеви.
Последниве децении покажаа дека нема погрешно време и место за мантилот. А поседниве сезони популарни се долгите мантили со широк крој, како да се неколку конфекциски броеви поголеми.
Кога мислиме на мантил често си замислуваме парче во земјени тонови како беж и светло кафена. Потоа знаеме дека еден беж капут добро се комбинира со сродни тонови или базичните бела и црна боја. Но пролетва ќе сретнеме и мантил во други пастелни нијанси (на пример боја на лаванда), а класичните бежови модели на мантили ќе може да се носат со облека во нтензивни бои и со одредена шара.
За оваа пролет предлагаме мантилот да го носите со хеланки и бела маица, само мантил како замена на фустан, во монохроматски комбинации, врз сако и широки панталони, со фармерки и широка кошула со линии, со тренерки и патики.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари