Последните декемвриски денови секогаш се исполнети со новогодишни забави, празнични бизнис средби и дружење со семејството, овие посебни денови заслужуваат и празничен, свечен маникир. Предлагаме ноктите да бидат пократки, а во однос на колоритот, изберете лак за нокти во традиционалната новогодишна боја – црвената. Интерпретирајте ја црвената боја на модерен, иновативен начин, преку графички и не многу нападни шари, со комбинации на црвената со бежова, потемна бордо, со златни и сребрени тонови, а може да направите линии, топчиња или да ги намачкате врвовите на ноктите со светкав лак.
Нема коментари