Модниот бренд Манго претстави нова зимска колекција во која доминираат неутрални тонови. Имајќи предвид дека ни преостануваат уште неколку недели од зимата, ќе можете максимално да ги искористите новите креации – меки комбинации во смирени тонови на беж, крем и розова боја. Облеката е пријатна и удобна, а колекцијата содржи џемпери, капути, плетени фустани, мантили, миди здолништа… Облеката во лежерно-шик изглед во новата кампања на Манго ја носи познатата манекенка Малгосија Бела.
Нема коментари