Во продолжение на неодамна лансираната кампања за оваа зима со Дарија Вербови, „Манго“ промовира уште еден lookbook. Во новиот каталог на шпанскиот бренд креациите ги носи моделот Надја Бендер. Линијата е инспирирана од рокенролот, со кожени јакни, бунди, џемпери, здолништа, шапки, моторџиски чизми, по некое парче со светкава мониста или со реси, а има и блузи со пруги. Дел од креациите имаат крој позајмен од машкиот ормар (кошули, капути и панталони) , а дел се со ретро имиџ. Колекцијата е шик, бохо, бунтовничка и динамична, со модерни комбинации и урбан стајлинг.
Нема коментари