Враќањето во градот после годишниот одмор и плановите за работа повлекуваат потреба за разновидна облека што ќе функционира и во канцеларија и во посета на омилената книжарница и за прошетка низ градот. Затоа брендот Манго понуди избор на есенцијални модни парчиња за есен-зима 2021 кои ќе ги задоволат овие пригоди и ги спакува во две кампања именувана Urban Pleasures. Фотосесијата е сработена во еден најкосмополитските градови во светот, Париз, а во оваа нова колекција се чувствува парискиот шик стил. Во колекцијата ќе најдете совршена бела кошула, есенски мантил, елегантно сако, плисирано здолниште, модели од џинс, трендовски хеланки, кратка јакна од твид, балетанки и чизми до глужд.
Нема коментари