Во пресрет на пролетната модна сезона брендовите откриваат колекции со кои ги најавуваат идните разновидни трендови и стилови, една од колекциите што Манго ја подготви е насочена на облека во пастелни тонови. Во центарот на оваа Манго модна приказна се нежните нијанси на сина, розова, тиркизна, жолта, кои ќе донесат доза на оптимизам и ведрина во пролетната гардероба. На светлата палета се надополнуваат и креациите во беж, каки, камел боја, а има и модели во црна боја. Ова е одлична колекција за преодот од зима во пролет и првите мартовски денови.
Нема коментари