Моделот и актерка Камила Роу, креaтивната директорка и модел Џулија Рестојн Ројтфилд и актерката и пејачка Алма Јодоровски се дел од новиот дигитален проект со три кратки филмови на шпанскиот бренд „Манго“. Секоја од овие дами е во фокусот на една приказна инспирирана од еден аспект на нивната личност-модерност, женственост и позитивност, што всушност се и главните карактеристики на „Манго“.
Првиот филм ќе биде промовиран на 13 септември во кој главна протагонистка е Камила Роу. Приказната, стационирана во Марфа, ја враќа Камила во 30-тите години, во времето на Бони и Клајд. Бони Паркер, играна од Камила, го буди својот авантуристички дух и заминува на патување низ пустините во Тексас. Во прикзната се члувствува микс од француската и американската култура, боемски стил и безгрижен неконвенционелн дух-со што ја прави идеален амбасадор на модерната страна на „Манго“.
Џулија Рестојн Ројтфилд се појавува во вториот краток филм од овој проект, кој ќе биде промовиран во октомври оваа година. Тој ќе ја опфати женствената нишка на брендот претставена преку личноста на Џулија. Третиот филм, со Алма Јодоровски во главна улога, ќе биде пуштен во јавноста во ноември. Актерката позната по улогите во Blue is the warmest colour и Kids in Love, која исто така е дел од електро-дуото Burning Peacocks, е симбол за позитивноста.
Нема коментари