Впечатливи креации со карнери,нагласен волумен и долги ѕвонести ракави се дел од новата колекција со која шпанскиот бренд „Манго“ ја почнува новата 2017-та година. Креациите се баланс меѓу смели форми и романтични кроеви, помеѓу уникатен дизајн и класични/базични парчиња. Застапени се бели кошули со пруги на преклоп, модел со карнери на рамената, ѕвонести панталони со машки крој, мини здолниште со патент, војничко палто, патка јакни, црни кожени панталони и комбинезони, со кои оваа куќа ги најавува трендовите за оваа година.
Нема коментари