Како и во претходната сезона, шпанскиот бренд „Манго“ и за есен-зима 2016 ќе ја промовира новата колекција преку четири трендови, со исто толку кампањи. Неодамна во Њујорк беше снимена првата кампања за претстојната сезона, која ќе биде лансирана на крајот од август. На улиците на Големото Јаболко во есенските креации позираа моделите Рос Абелс и Лекси Болинг. Креациите ќе бидат претставени првично на социјалните мрежи, на профилите на брендот на Snapchat (mango) и на Инстаграм (@mango), каде што има вкупно околу 16,5 милиони следбеници. Во најава е и отворање на канал на Spotify на кој ќе бидат ставени нумерите искоритени во кампањите поединечно.
Нема коментари