Првите модели на модниот бренд Манго за есен 2021 најавуваат неколку клучни трендови за претстојната сезона, кои ќе ни помогнат во организирањето на есенската гардероба. За секојдневни комбинации, за деловни или вечерни пригоди, Манго претстави четири клучни стилски насоки – враќање на хеланките, со лента околу стапалата, ѕвонести или со изрез. Потоа дел од есенската гардероба се елеците – од тенко плетиво како дел од слоевито облекување, елегантни како дел од костим, или пак кожени во моторџиски стил. Тренд се и ефектните геометриски шари, а се чини секогаш во мода е облеката во црна боја.
Нема коментари