Со нетрпение ја очекуваме пролетта и убавото време, време кога најслободно и најудобно се чувствуваме во лежерни и лелеави фустани. Со цветна шара или точки, на преклоп или со крој на кошула, мини или миди, направивме еден избор на фустани од пролетната колекција на Манго. Брендот нуди фустани со впечатливи дезени и многу боја, некои од моделите се лежерни и за преку ден, но има и предлози што може да се носат на работа или за вечерно излегување. Фустаните се лесни за носење и комбинирање, останува да се доосмислат со соодветни модни додатоци.
Нема коментари