Способноста суптилно да ги примени трендовите во најелегантните и деловни парчиња е една од главните и препознатливи каректеристики на шпанскиот бренд за современи жени, „Манго“. Посветеноста на минимализмот и на едноставната, но модерна естетика посебно е видлива во Премиум колекциите на етикетата, која денсска ја лансира новата линија за пролет-лето 2017.
Застапена се трендовски бели кошули: модел со нагласени карнери, како и минималистичко парче со волумен, инспирирано од класичната машка кошула. Комбинирани се со костум исто така со машки крој. Палтото е со поголеми димении и нагласени рамена, и широки панталони со набор и восик струк. Кошулте се комбинирани и со молив стреч здолниште со висока половина, и со едноставни базични панталони, кај кои стајлингот е заокружен со портокалов појас. Во фокусот на колекцијата е впечатливата комбинација на корално црвен фустан со виолетови хулахопки. Понудено е и виолетова туника на преклоп и со волумен. Сајлинзитена MANGO Premium SS17 се дополнети со трендовски впечатливи метални обетки.
1 коментар