Модниот бренд Mango ја комплетира интеграцијата на својата плус-величина линија Violeta by Mango и облеката со поголеми конфекциски броеви ја вклучи во својата главна колекција. Со ова Mango ја продолжува својата заложба за инклузивност, па голем број на модели достапни во линијата Violeta by Mango, со големина до 54 и 4XL, ќе станат дел од главната женска колекција. Компанијата одлучи да го прошири опсегот на конфекциски броеви на остатокот од колекцијата, со додавање на големините 32 (XXS) и 46 (XXL) на скоро сите дизајни во колекцијата, а ќе има и модели до 54. Со оваа одлука, брендот се надева дека ќе може да облече поголем број клиенти, а секоја жена ќе најде нешто за себе. Маngo обрна поголемо внимание на модните парчиња со поголеми конфекциски броеви, за претстојната есенска сезона нуди стилски креации за жените кои со години се чувствуваа исклучено од модата на популарните брендови. Во својата „прва“ Plus Size колекција како дел од главната линија, Маngo нуди богат избор на панталони и фармерки, кошули и есенси јакни, фустани и мантили.
Нема коментари