Модниот бренд Манго предлага избор на плетени фустани со што го следи светскиот тренд за есен-зима 2020/21. Овие фустани се класика во модата, може да се комбинираат на повеќе начини, нудат топлина и удобност и сезонава ова навидум базично парче облека е една од главните опции за лежерен есенски излед.
Манго оваа есен нуди повеќе верзии на плетен фустан, од потенко и подебело плетиво, пократки и макси, со ролка или со отворено деколте, претежно во неутрални и земјени тонови како беж, сива, војничко зелена и бордо. Добро се комбинираат со високи чизми или со челси-чизми до глужд.
Нема коментари