Модниот бренд Манго во својата понуда постојано има дел со облека наменета за забави, кој сега е надополнет со нови party креации и фустани за сезоната лето 2024. Неодамнешниот водич за трендовски фустани за забави за претстојната сезона прикажува стилска колекција прилагодена за специјални настани како што се свадби и вечери на отворено. Колекцијата содржи долги фустани со тенки прерамки или на едно рамо креирани во интензивни бои, а е надополнета со краток модел на фустан со спуштени балонести ракави и со комплети со панталони.
Нема коментари