Омилениот моден бренд Манго ни овозможи прв поглед на колекцијата за есен-зима 2020/21 преку новата промотивна кампања, на прва ги забележавме комбинациите во кои се насетува парискиот стил. Кампањата ја сними фотографот Матео Монтанари со манекенката Грејс Елизабет, а фотосесијата нè води низ Париз.
Парискиот стил е ѕвездата на кампањата, оној ноншалантен имиџ составен од фармерки со ѕвонести ногавици, блузи со морнарски линии, класични сакоа и мантили, раскопчани кошули и меки кардигани, лежерни фустани, пепито палто… навидум едноставни парчиња, но со силен печат и ефект.
Нема коментари