Инспирирани од предновогодишната празнична атмосфера, шпанскиот моден бренд „Манго“ лансира нова кампања со свечени креации наречена Before Midnight. Моделите не се наменети само за дочекот на најлудата ноќ, туку за сите забави, излегувања, дружби, на кои сакате да изгледате посвечено, а истовремено удобно и модерно. Во кампањата, која ја фотографираше Ден Мартенсен се појавуваат Аја Џонс, Рут Бела и Џулија Хефсторм, Метју Бел, Кит Батлер и Алексис Петит. Во препознатливиот ритам на песната Heart of Glass од „Блонди“, облечени во новите креации на „Манго“ го доловуваат предпразничниот амбиент на ноќните забави и излегувања. Стајлинзите ги направи Елоди Дејвис, фризурите-Ким Махони, а шминката е на Чихо Омае.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари