Реномираниот фотограф Алистер Меклелан ги доловува Адвоа Абоа, Џоли Алиен, Луна Бијл, Саша Пивоварова и Патрик Шварценегер во кампањата за пролет-лето 2019 на популарниот шпански бренд Mango. Насловена New Voices, во кампањата освен модните кариери на моделите, се истакнуваат и другите нивни креативни таленти.
Користејќи ги слогани „Да ја градиме иднината заедно“, „Нашите соништа ќе ја инспирираат културата“ и „Ние веруваме во моќта на заедницата“, кампањата ги открива креативни таленти на протагонистите: Џоли и Саша се уметници, Адвоа се бави со активизам, Луна вози квадроцикл, а Патрик покрај манекенксите ангажмани е актер и претприемач. И сите ја претставуваат важноста на културата во заедницата.
Оваа порака ќе продолжи во текот на целата сезона преку разни акции и соработки кои ќе му дадат глас на другите движечки сили во новата културна панорама и ќе бидат претставени на сите „Манго“ платформи со хаштагот #MangoNewVoices.
Колекцијата за пролет-лето 2019 ја консолидира посветеноста на „Манго“ на современите стилови и разработените ткаенини. За претстојната сезона брендот нуди дизајни со различни пастелни нијанси, како бледо розова, небесно сина и светложолта. Дизајнот е иновативен и модерен, но се базира на безвременски парчиња, како што е на пример мантилот. Во колекцијата има летни фустани со флуидна силуета, смели парчиња во сребрена боја, широки панталони и бициклистички, сакоа и елеци, бели патики и избор на модни додатоци.
Електронските звуци и на њујоршкото дуо Chairlift со песната I belong in your arms, се музичка позадина на видеото на кампањата.
Нема коментари