Модниот бренд Манго става фокус на неутралните тонови во тренд водичот за есен 2020 наречен An Uplifting Retreat. Во фотосесијата се појавува познататa манекенка Малгосија Бела која позира во плетени парчиња, широки панталони, меки палта и комфорни влечки. Доминираат бела, крем, беж, сива и карамел-кафена боја. Направена на база на удобност и функционалност, колекцијата, исто така, располага со вистинска доза на елеганција, со елементи од вештачка кожа и облека како добри скроени палта.
Нема коментари