Актерот и манекен Ален-Фабјен Делон е заштитно лице на рекламната кампања на Mango Man за есен-зима 2020/21
Ален-Фабјен е син на еден од најпрепознатливите и најталентираните актери на француската кинематографија – Ален Делон. Ален е лицетот на францускиот филм, преку својот шарм лицето на францускиот стил, а таа естетика е пренесена во новата колекција на машка мода на модниот бренд Манго, која пак е претатсвена преку фотографиите со неговиот најмлад син Ален-Фабјен.
Ален- Фабјен се појавува во кампањата наречена City of Lights (Градот на светлината, односно Париз). Фотографиите се на Начо Алегре, кој го улови Ален-Фабјен на неколку париски локации како на пример улиците на Латинскиот кварт.
Колекцијата го следи духот на парискиот стил, исто како и женската колекција на Манго.
Нема коментари