Брендовите на достапна мода веќе ги откриваат есенските колекции, шпанскиот бренд Манго ни овозможи прв поглед на облеката прилагодена за преодот од лето во есен. Првата колекција на Манго за есен 2020 прикажана во кампањата Make it Casual се базира на неколку клучни есенски парчиња – мантил, фармерки, сако, плетиво, обична маица и класична кошула. Парчињата се едноставни и погодни за различни комбинации, а се насетуваат и неколку трендови за претстојната сезона како кожено сако, ретро стилови, мокасини, блуза со потпунки, ѕвонести панталони, микс со спортски парчиња
Нема коментари