Студените зимски денови шпанскиот бренд „Манго“ ќе ги затопли со нова линија на џемпери и креации од потопли материјали. Во новиот lookbook на етикетата креациите ги преставува моделот Антонина Петковиќ. Таа носи дебели џемпери, капути со нагласен волумен, и панталони, здолништа во молив форма и шорцеви од дебел штоф. Креациите се удобни и елегантни. Доминира црна, темноцрвена и сива боја. Стајлинзите се надополнети со елегантни чанти и чевли со дебел ѓон.
Нема коментари