Модниот бренд „Манго“ ја презентира новата кампања за пролет-лето 2020 – Life in Bloom, полна со оптимизам, бои и релаксирана облека
Во овие времиња доза на оптимизам, добро расположение и многу радост се добредојдени. „Манго“ вели дека и кога мислиме дека пролетта ќе ја поминеме дома, да не заборавиме да го славиме заедништвото. Штом ќе заврши овој карантински период, ќе сфатиме дека сме научиле многу работи: како да готвиме, плетеме, медитираме, па дури и да цртаме. Но, најзначајно, научивме дека лошите ситуации не траат вечно. Но, приврзаноста и грижата за вашата заедница траат.
Во следниов период „Манго“ советува да се смеете, да поминете квалитетно време со најблиските, сакајте ја природата и често велете „Те сакам“, прернете го сонцето, танцувајте, негувајте ги позитивните чувства… Како раскошни цвеќиња, добрите сензации ќе почнат да цветаат околу вас.
А цвеќињата се инсприација за новата колекција. Нијансите и формите на цветовите се трансформирани во облека во кои ќе се чувствувате убаво. Боите го креваат расположението, а балонестите ракави, карнерите и волуменот ја слават природата. За оваа колекција се употребени 100% одржливи материјали како уште еден омаж на природата.
Посетете ги продавниците на Mango во Скопје Сити Мол и ГТЦ, како и веб страницата www.fashiongroup.com.mk и откријте ја целата летна колекција со неодоливи парчиња.
Нема коментари