Раскажувајќи ја приказна за трите девојки-талкачки, кои авантуристички го живеат сонот, на тропска плажа, далеку од сите, „Манго“ ја претставува новата, летна колекција за 2017-та. Глевните улоги во кампањата им се доделени на моделите Софија Аренс, Аризона Мјуз и Алана Арингтон кои позираат пред фотообјективот на Ден Мартинс, облечени во лежерните креации од „Манго“, со стајлинг од Хелена Теџедор.Колекцијата е богата со модели кои може да се носат на плажа, но и лесно да се адаптираат за во урбана средина. Понудени се костими за капење, плетени топови, ленени фустани, кратки моделисо тропски принт, блузи со карнети, удобни кошули и палтанони. Доминираат белата и крем боја, но има и неѓно сина, црна и други.
Нема коментари