Магичниот Њу Орлеанс е дестинацијата до која нè води шпанскиот моден бренд „Манго“ во својата нова кампања. Станува збор за четвртото поглавје од дигиталниот промотивен проект на „Манго“, што почна минатата година. Покрај фотографиите е снимен и соодветен мини филм. Во фокусот на MANGO Journeys Chapter IV: New Orleans е илустраторката и модна икона Лангли Фокс, која облечена во креациите за пролет-лето 2017 ги открива убавините на Њу Орлеанс. Се запознава со автентичниот дух на градот, боемските улички, со џезот, карневалот Mardi Gras, окултизмот и вуду-гатачките. На почетокот на оваа авантура таа влегува во еден клуб каде што разговата со домаќин, кој многу наликува на Дејвид Боуви, кој ѝвели дека Њу Орлеанс е основан од визуелни артисти како што е и самата Лангли Фокс. Погледнете го филмот во целост како и фотосесијата за оваа кампања.
Нема коментари