Страст и љубопитност се зборовите што најдобро ги дефинираат двајцата протагонисти во новата кампања на шпанскот бренд „Манго“: манекенката Софија Санчез Де Бетак и аргентинската метропола Буенос Аирес. Градот кој постојано се менува го откриваме преку очите на Софија. Преку ретро фотографии, кои наликуваат на персонални спомени ивзадени од семејниот албум, ги разгледуваме соседствата кои некогаш биле тивки и семејни, а сега се претпоени во возбудливи квартови каде што се спојуваат уметноста, културата и гастрономијата. Фотографиите ги снимија од Hunter & Gatti, стајлингот е на Хелена Техедор, а шминката и физурата ги подготви Пако Гаригес. Во едиторијалот Софија ги носи клучните парчиња од колекцијата за есен-зима 2017/18. Застапени се капути во розова, светло кафена и окер боја, кожена и крзнена јакна, црвен костум, џемпери со нагласен волумен, карирано сиво палто, фармерки, долг ретро фустан со цветен принт, јакна и кошула во маслинесто зелен тон и друго. Парчињата и стајлинзите се прилагодени на стилот на секоја девојка во движење. Покрај фотографиите снимено е и видео за колекцијата. Кампањата е дел од серијалот Journeys на Mango, а ова е Chapter 6. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари