Во новата кампања наречена Committed to the Future, модниот бренд Манго уште еднаш ја потврдува својата заложба за одржлива мода, се посветува уште повеќе на на еко-одговорноста и им дава простор на своите вработени ангажирани во различни сектори на компанијата. Џордина, Марта, Давид, Марија и други кои работатат како стилисти, менаџери, купувачи, се појавуваат во дел од кампањата како модели. Што имаат заедничко? Сите тие работат во рамките на Манго за етичка и кружна мода, заговарајќи конкретни мерки за намалување на влијанието на оваа индустрија врз планетата.
Еден од клучните модели на Манго, штепованата јакна што ја носи манекенката на првата фотографија, како и секоја друга јакна од колекцијата Commited, поставена е со рециклиран полиестер добиен од пластични шишиња. Машките кашути се направени од рециклирана волна. Манго продолжува да се развива во насока на што е можно повеќе одржлива мода, во однос на еколошки материали и транспарентност на потеклото и производствениот процес.
Одговорна гардероба без да се заборави на стилот е целта на Манго, па така парчињата од Mango Committed колекцијата се направени на одржлив начин и со следења на најновите модни трендови. Денес, гардеробата на Mango е составена од 75% од оваа линија, а наскоро, до 2022 година, сите производи на Манго ќе бидат еколошки и одржливи.
Нема коментари