Интернационалниот шпански моден бренд „Манго“ ги спои силите со SEAT и лансира специјална едиција на градското возило Mii која ќе биде претставена на следното изданеие на 080 Barcelona Fashion од 27 до 31 јануари. Новиот SEAT Mii by MANGO со својот атрактивен надворешен и внатрешен дизајн ќе биде достапен кај дилерите на автомобилот ова лето. Моделот е направен во две бои, беж и црна, персонализирана надворешност, електронски ретровизори со загревање. Внатрешноста пак, содржи практични додатоци како закачалка за ташна и и огледало на визорот од страната на возачот, како и специјални патосници, педали и клуч со посебен амблем.
Новиот модел создаден од SEAT и „Манго“ доаѓа со многу изненадувања и атрактивен натпревар на светско ниво, кој има за цел да ја награди кретивноста и оригиналноста на корисниците на интернет и социјални мрежи. Првите 1.000 автомобили SEAT Mii by MANGO ќе бидат доставени со три додатоци: чадор, чанта и дополнителен моден додаток дизајниран од страна на учесниците во онлајн натпреварот. Во натпреварот може да учествуваат корисници од било кој дел од светот со тоа што ќе направат уникатен дизајн на модниот додаток за новиот SEAT Mii by MANGO, стекнувајќи се со можност да добијат многу атрактивни награди. Натпреварот започнуваденес и ќе продолжи во следните пет недели.
Предлозите ќе ги оценуват експерти од SEAT и „Манго“ кои ќе го изберат најкреативниот. Победникот ќе добие автомобил SEAT Mii by MANGO, а останатите пет финалисти ваучер за купување во „Манго“ .
Нема коментари