Иако патувањата на некоја далечна дестинација за време на летниот одмор се неизвесни, Манго сепак понуди модна колекција која ќе ги задоволи потребите на летна гардероба за летување кое ќе се памети и која што може да се носи за летување на некоја домашна адреса. Неречена Holidays of a Lifetime, колекцијата на Манго е инспирирана од безгрижните летни денови и е создадена за да одговара на совршен летен одмор.
Содржи бел романтичен фустан, памучни кошули и маици, шарен фустан кој ги открива рамениците, фармерки од тенок тексас, костими и за капење, трендовски блузи со балонести ракави, шорцеви и летни панталони, костим од летен материјал, односно облека која што ќе ја носите цело лето. Дополнета е со клучни модни додатоци за летни комбинации – удобни чевли, трендовски торби и интересен накит. Кампањата за колекцијата ја буди желбата за релаксиран одмор во тивка, идилична атмосфера на некој мал град.
Нема коментари