Овој црн миди фустан со срцевидно деколте се чини дека многу им се допаѓа на вљубеничките во модата и стилските ѕвезди на Инстаграм. Може да се носи во различни пригоди, се вклопува и во празничен стајлинг (на пример, добра идеја е за домашна новогодишна забава), но во исто време поради растегливиот материјал, нуди голема доза на удобност. Дека е удобен, можеме да видиме од објавата на данската инфлуенсерка Пернил Тејсбек, која овој фустан го носи во поодбимата бременост. Покрај Пернил, и другите #mangogirls како Ерика Болдрин, Кандела Пелица и Амали Мосгард Никвист го избраа овој модел на фустан на Манго.
Нема коментари