Бели комбинации, здолништа со тај-дај ефект, ленени сакоа во светли нијанси, зелени здолништа на преклоп, лежерни летни фустани, бели фармерки… и други летни комбинации на шпанскиот бренд „Манго“ забележавме дека носат стилските ѕвезди како Бланка Миро, Леја Сфез и Луси Вилијамс. Тие често соработуваат со брендот и објавуваат фотографии со ознаката #MangoGirls. „Манго девојка“ е и познатата Леандра Медин, која најави соработока со брендот на нова колекција.
Нема коментари