Дали сте фан на модата од 90-тите години?! Модниот бренд Манго одговара со совршена пролетна колекција посветена на стиловите од оваа модна декада. Модата е циклична и често се навраќаме на ретро креации, како во случајот на оваа нова кампања на Манго. Акцентот е на твид компплети во светли бои и со кариран дезен, слип-фустани, многу кратки кардигани, тренди фармерки, цветни бициклистички, мини должина, сето тоа со носталгични референци на филмот на Clueless, потсетување на некои рекламни кампањи на Версаче од 90-тите и со нова стилска визија создадена од микс на младешки изглед на ученичка и стилот на Џеки Кенеди.
Нема коментари