Новата колекција на шпанскиот бренд Манго е инспирирана од балетот и нуди мека и лежерна облека во која можете да вежбате, но и да се опуштате во домашна атмосфера.
Годината 2020 е во знакот на пандемијата на коронавирусот, честите карантини кои значат останување дома и работење од дома, но и одделување време во кое се фокусираме на себе и нашето психичко и ментално здравје.
За таа цел Манго посвети цела activewear колекција во која ќе вежбаме, медитираме, ќе се излежуваме и опуштаме – и ќе се се чувствуваме пријатно и комфорно. Таа содржи хеланки, спортски градници, меки блузи, чорапи, бициклистички, бодија, шорцеви, но и модни додатоци како ланци за безжични слушалки и торба за јога подлога.
Парчињата доаѓаат во варијации на пастелни и монохроматски тонови, изработени се од квалитетни меки ткаенини како ребрест памук, кој е мек и растеглив.
Нема коментари