Младешки колоритни модни креации ќе ја освежат пролетната колекција на шпанскиот бренд „Манго“. Во специјалната линија со аксесоари застапени се чанти, ранци, очила за сонце, обетки, ѓердани, чевли и украси за на глава. Чантите и ранците се со различни големини, со трендовски додатоци, како птици и монистра, но со класични форми и практични за повеќе прилики. Обетките се впечатливи, со ситна мониста, со метални парчиња, а има и две различни во еден пар. Раскошни со бохо елементи се и ѓерданите. Чевлите за пролет-лето 2017 се со животински принт, во црна, црвена, розова и сребрена боја, а ги покриваат сите стилови и вкусови, со личен печат. За на коса понудени се венчиња со панделка. Покрај нив има и апликации од мониста, со везови и метални фигури, кои може да се сошијат на чантите, облеката, јакните и на самата облека.
Нема коментари