Што се случува кога една парижанка ќе отпатува во Шкотска откриваме во новата фотосесија на брендот „Манго“ и во краткото видео од серијалот Mango Journeys. Жана Дама, епитом на парискиот шик, еден викенд помина во Единбург и ја истражуваше околината – замоците, пабовите, пристаништето North Berwick, јадеше во ресторанот Lobster Snack, се забавуваваше на звукот на шкотските гајди, посети национален парк… Беше облечена во модни парчиња на „Манго“ кои реферираат на Шкотска, како карирани модели, сомотски панталони и палта, меки џемпери и шалови што топлат.
Нема коментари