Според најновите модни истражувања се потврдува фактот дека мажите во многу повеќе се негуваат и купуваат козметички препарати во последно време. Дури и помалите модни куќи имаат свои линии на производи за нега и убавина наменета за машката популација. А старото модно правило вели, кога некој се грижи за себе и постојано вложува успехот е неминовен.
Како последен пример за тоа е соработката која се случи неодамна помеѓу нашиот интернационален машки модел Павле Николовски со брендот за козметика Органик Шоп. Благодарение на ентузијазмот, упорноста и професионализмот на компанијата П-Витагруп од Прилеп оваа козметичка линија во својот состав има производи од далечниот Сибир, кои се исклучиво од органско потекло, целосно природни и здрави. Во својот сет на производи ги има сите нешта кои им се потребни на младите и урбани луѓе, а нивните производи се унисекс, односно наменети и за женската и за машката популација.
Токму затоа оваа престижна козметичка куќа за прв пат одбира машки модел како заштитно лице за нивниот бренд. Павле Николовски е докажан модел со интернационално искуство, веќе пет години дел од модната агенција „Моделс ИН“, па сосема разбирливо е дека комплетно го освои овој руски бренд. Заедничката поврзаност и симбиоза помеѓу моделот и брендот е повеќе од очигледна. Одличен пробив за органската козметика со која повеќето мажи и момци го креваат степенот на нивниот здрав начин на живот и комплетно убавината во целост.
Нема коментари