Светот изгуби голем уметник чиј импакт може да се забележи не само во музиката, туку и во модата, и додека на различни начини му се оддава почит на генијалниот Дејвид Боуви, манекенката Хајет Беларби Макартни тоа го направи така што го персонализираше нејзиниот изглед за време на ревијата на „Барбери“. Манекенката беше дел од лондонската ревија за новата машка колекција на британскиот бренд, што се одржа еден ден по смртта на Боуви, а на пистата излезе облечена во капут со златни копчиња во стилот на 70-тите години и во еден момент ги испружи дланките на кои беше напишано презимето на славниот музичар. Од “Барбери“ велат дека чекорот на Хајет не бил планиран елемент на ревијата и претставува личен чин на манекенката. Но, не се лутат на нејзината постапка, а нагласуваат дека додека гостите доаѓале на ревијата, се пуштала музика од Боуви во негова чест.
Нема коментари